Новата терминална зграда за патници на скопскиот аеродром "Александар Велики" што ја гради турски ТАВ, ќе биде пуштена во употреба на Денот на независноста, 8 Септември, еден месец пред планираниот рок. Ова значи дека терминалот ќе биде подготвен за работа за зимската сезона 2011/12. Раководството на ТАВ вели дека разликата меѓу сегашната и новата терминална зграда ќе бидат неспоредливи. Сегашната терминална зграда има неколку илјади квадратни метри, додека по завршувањето на градежните активности новата зграда ќе се простира на 40.000 квадрати. Во објектот ќе бидат инсталирани најмодерни технологии со кои во голема мера ќе се подобрат услугите што ги нудат аеродромите. Чекирањето на багажот и на патниците ќе се модернизира, ќе има помодерни шалтери за купување билети, повеќе излезни капии, нови кафетерии, голем фришоп.
Новата терминална зграда за патници на скопскиот аеродром "Александар Велики" што ја гради турски ТАВ, ќе биде пуштена во употреба на Денот на независноста, 8 Септември, еден месец пред планираниот рок. Ова значи дека терминалот ќе биде подготвен за работа за зимската сезона 2011/12.
Раководството на ТАВ вели дека разликата меѓу сегашната и новата терминална зграда ќе бидат неспоредливи. Сегашната терминална зграда има неколку илјади квадратни метри, додека по завршувањето на градежните активности новата зграда ќе се простира на 40.000 квадрати. Во објектот ќе бидат инсталирани најмодерни технологии со кои во голема мера ќе се подобрат услугите што ги нудат аеродромите. Чекирањето на багажот и на патниците ќе се модернизира, ќе има помодерни шалтери за купување билети, повеќе излезни капии, нови кафетерии, голем фришоп.
Административната зграда ќе им нуди многу подобри услови на вработените и на патниците бидејќи ќе биде климатизирана и ќе има капацитет до 6 милиони патници годишно.
ТАВ планира аеродромот да го претвори во регионален центар. Покрај изградбата на нов терминал, ќе биде продолжена и слетно-полетната писта за да може да прифаќа и поголеми авиони. Изградбата на пристапни патишта и паркинг ТАВ му ги довери на скопски Гранит. Според договорот вреден 2,2 милиони евра, новиот паркинг треба да биде готов до средината на овој месец.
Неодамна ТАВ ја заврши модернизацијата на Охридскиот аеродром. Со долгоочекуваната модернизација на двете македонски авиопристаништа, тие конечно треба да заличат на тие во развиените европски земји.
Реконструкцијата на аеродромите ја дополнува и неодамнешниот влез во земјава на нискобуџетната авиокомпанија "Виз ер", која од овој месец ќе лета по ниски цени од Скопје до Лондон. Неодамна ТАВ ги заврши преговорите за воведување линии со "Виз ер", а се очекува од аеродромот да лета и компанијата "Ники" на поранешната ѕвезда на Формула 1, Ники Лауда. Во моментов ТАВ преговара да ја донесе и големата германска авиокомпанија "Луфтханза".